На некои луѓе воопшто не им треба посебна причина да изневеруваат, а некои се обидуваат да ги решат личните проблеми на тој начин.

Еве три причини зошто луѓето кои се во среќни врски ги изневеруваат своите партнери, но ниту еден од нив не го оправдува изневерувањето.

Луѓето кои се чувствуваат како да не ја живееле својата младост во целост, се склони кон прељуба, дури и кога се во среќна врска, затоа што жалат за пропуштените можности и се обидуваат да ги надоместат.

Тие се импулсивни

Луѓето кои се склони да донесуваат ненадејни и непромислени одлуки во различни сфери од нивниот живот, честопати се импулсивни кога станува збор и за секс.

Оваа импулсивност е особено изразена под дејство на алкохол, па кога ќе се појави можност, тие имаат тенденција да го изневеруваат својот партнер без да размислуваат за последиците.

Склони кон изневерување

Експертите за врски дефинираа шест карактеристики што ги имаат луѓето склони кон изневерување на своите партнери, без оглед дали се во среќна врска или не.

Овие карактеристики се: алчност, склоност кон флерт, себичност, склоност кон лаги, несигурност и верувале или не, недоверба кон партнерот.