Вевчанскиот карневал се празнува за време на големиот христијански празник „Василица“. И покрај тоа што датумот на одржување на вевчанскиот карневал се поклопува со денот на кој се празнува големиот христијански светец Василиј Велики, овој карневал има пагански корени.
Се претпоставува дека постои 2200 години до денеска, а голем број од обичаите во рамките на Вевчанскиот карневал ја откриваат неговата паганска основа.
Носењето на маски, познатиот дионисиски сатиризам, како и култ кон природните појави, ја откриваат паганската страна на карневалот. Но фактот што тој постои до денеска, значи дека е сериозно културно обележје на град Вевчани, но и на Македонија.
Вевчанскиот карневал ги прифатил и христијанските корени, поради што успеал да опстои во традицијата.
И оваа година, покрај ниските температури и обемните врнежи од снег на кој сведочевме претходните денови, се одржува Вевчанскиот карневал.
Посетителите на овој необичен и единствен настан во Македонија, се сведоци на хумор, сатира и рефлексија на значајните општествени и политички појави на кои сме сведочеле изминатата година.
Карневалот во Вевчани може да се третира и како перформанско-уметничко сиже за настаните и личностите кои биле актуелни минатата година.
Маските, дефилето и целокупниот сценски перфоранс го прават овој настан уникатен.
Можеби ќе ве интересира: