Колку пати сте се почувствувале како да ве „удрила струја“ за време на движење? Овој симптом не е безопасен, проверете кај невролог – можно е да е вклучена мултиплекс склероза.

Мултиплекс склероза (МС) е болест на централниот нервен систем која се манифестира преку низа често збунувачки симптоми. Проблемот е што овие сигнали се разликуваат од личност до личност, поради што често е потребно долго време пред да се постави дијагнозата.

Експертите велат дека иако не постои знак кој може точно да ја потврди дијагнозата, постои симптом што го имаат приближно една третина од пациентите со МС.

Ако забележите нешто чудно кога кимнувате со главата, треба да разговарате со вашиот лекар за скрининг за други знаци на МС.

Кога кимнувате со главата, ако чувствувате болка, чувствувајќи дека „струја минува“ низ рбетот, проверете дали имате МС.

Иако луѓето со МС често покажуваат различни симптоми, постојат неколку знаци кои се сметаат за вообичаени, а еден од нив е симптомот на Лермит, првпат забележан во 1918 година како можен знак за МС.

Студијата од 2015 година објавена во медицинското списание Annals of Indian Academy of Neurology покажа дека над 33 проценти од пациентите со МС го пријавиле овој знак.

Знакот на Лермит е ненадејна сензација која потсетува на електричен шок што минува низ задниот дел на вратот и ‘рбетот и потоа се шири на рацете и нозете, велат од Мултиплекс Склероза Траст, британска здравствена организација.

Обично започнува со свиткување на главата напред кон градите или климање со главата, објаснуваат експертите.

Многу симптоми на МС се предизвикани од демиелинизација, односно оштетување на миелинската обвивка, заштитната обвивка на масното ткиво што ги опкружува нервните влакна во мозокот, оптичките нерви и ‘рбетниот мозок.