Софија Петковска е македонска поетеса и авторка на книги за деца. По вокација Софија е педагог, па своето образование, стручност и знаење ги имплементира во пишување на книги за деца. 

Покрај тоа, што срдечно го пренесува своето знаење во насока на едуцирање на најмалите членови на нашето општество, таа и директно учествува во хуманитарна организација која е посветена токму на децата.

Денеска, Софија донираше хуманитарни средства во Дневниот центар за деца – Скопје.

Изминатите неколку месеци Софија Петковска работеше на пишување, издавање, печатење и продажба на книгата „Снежни стихови“, а заработените средства од продажбата ги донираше токму во Дневниот центар за деца – Скопје.

Софија Петковска, покрај тоа што е хуманитарец, автор и педагог, е посветена мајка на која детето и е на прво место во животот!