Првата со која спиев беше во своите доцни дваесетти години. Беше виока, со големи, темни очи, тесна половина и мали гради.

Имаше широко чело, прекрасна права коса и малку преголеми уши за нејзината градба. Можеби не беше вистинска убавица, ама имаше впечатливи црти какви што би го заинтересирале еден уметник да ја наслика. (Всушност јас сум уметник и неколку пати ја сликав).

Немаше деца. Нејзиниот сопруг предавал историја во приватно средно училиште и ја тепал. Не можејќи да избувнува на часовите, својата нервоза ја истурал врз неа. Внимавал да не ја удира по лице, но кога беше гола ги забележував модринките и лузните.

Бидејќи мразеше да ги гледам, кога се соблекуваше инсистираше да ги исклучам светилките. Речиси воопшто не беше заинтересирана за секс.

Вагината никогаш не и беше влажна и пенетрацијата и предизвикуваше болка. Секогаш имавме долга предигра и користевме лубрикант, ама ништо не помагаше.

Болката беше ужасна и постојана. Понекогаш дури и врескаше. А сепак, сакаше да има секс со мене. Или барем не чувствуваше одговорност.

Се прашувам зошто?

Можеби сакаше да чувствува болка. Или трагаше по отсуство на задоволство. Или можеби по некаква форма на самоказнување. Луѓето бараа разни нешта во својот живот. Но постоеше една работа што не ја бараше. Интимност.