Синот на Ведрана Рудан е Славен Хрватин, кој е еден од најпознатите хрватски психолози, а своевремено објавил и книга со своите колумни наречена „Евилологија“.
Тој се залага за заштита на човековите права, за легализација на канабисот, тој е атеист и левичар. Во исто време, тој е еден вид менаџер на неговата мајка, како и администратор на нејзината многу посетена веб-страница.
Во една прилика напишала за своите деца:
Јас сум мајка која како и повеќето мајки ги сака своите деца, за среќа не безусловно. Но, јас сум и жена која си дава за право да го сака својот партнер, најмногу, повеќе од сопствените деца.
Малку подоцна таа малку го поправи својот став:
Моите деца се успешни, зрели, млади луѓе затоа што јас им помогнав да станат тоа. Сигурно не им паѓа на памет да ме критикуваат или да ми се лутат. Јас сум единственaта во нашиот тим која има право да се лути, но тоа брзо ми поминува.
На прашањето дали понекогаш бара психолошки совет од нејзиниот син, Руданова рече:
Не. Психолозите никогаш не ги „психологизираат“ своите сакани. Меѓутоа, кога сум во некакво психо-лудило, секогаш барам совет од него. Тој е еден од најобразованите луѓе што сум ги сретналa. Вистински хуманист и мразител на насилство. И голем, голем, голем борец за правата на жените, на што сум особено гордa.