Утре со почеток во 12.00 часот започнува со работа првото балканско, мултикултурано, интеркултурно и мултилингвално радио со седиште во Скопје.
Модератори на настанот ќе бидат – Бобан Јовановиќ и Магдалена Стојмановиќ. Програмата ќе се реализира на српски и на македонски јазик.
Бобан Јовановиќ, кој воедно е и идеен творец на проектот ќе ги презентира мотивите, замислите и целите на Радио МОСТ.
Во програмата во живо ќе има и вклучувања од неколку балкански држави.
24 часовната програма на Радио МОСТ може да ја следите на www.radiomost.net