Со доаѓањето на студените есенски и зимски денови, поради промената на времето, кај поголем број луѓе се почесто се јавуваат главоболки и мигрени.

Доколку и вие спаѓате во таа група, наместо таблети, чија честа употреба не се препорачува, пронајдете соодветна терапија од природата.

За навреме да ги спречите мигрените или главоболките, особено ако се појават поради промена на времето, пијте билни чаеви како рузмарин или ѓумбир.

  • Чај од рузмарин или ѓумбир

Една лажичка сушен рузмарин прелијте со 250 мл врела вода.

Оставете го да отстои десетина минути, а потоа процедете го и испијте го.

Лесно се прави и чај од ѓумбир – една лажица ѓумбир во прав прелијте со 250 мл зовриена вода. Оставете да отстои малку и кога ќе се олади, во чајот можете да додадете сок од половина лимон.

  • Облоги од компири

За мигрена се препорачуваат и облоги од компири кои лесно се прават.

Суровиот компир треба да го исечкате и да го прицврстите на челото со памучна крпа.

Оставете ги облогите да делуваат околу десет минути и повторете ги барем уште еднаш во текот на денот.

  • Етерично масло од нане

При напади на мигрена, можете да користите и есенцијално масло од нане за масажа на слепоочниците или како инхалација.