Физичкото растојание без маски, дури и на отворено, не е доволно ефикасно да се заштити од коронавирус доколку не се носат маски, заклучува новото истражување на Универзитетот во Кембриџ.

Тврдат дека широката употреба на маски може да ја намали стапката на пренос на инфекција за 53 отсто.

Научниците препорачуваат маските да се носат на отворено, особено во затворени простории, бидејќи заразените луѓе кои носат маска ќе „испратат“ 80 проценти помалку вирус во воздухот, а другите луѓе кои исто така носат маска ќе вдишат до 50 проценти помалку честички од вирусот.

Во студијата беше користен компјутерски модел за мерење на растојанието на капките за кашлица.

Утврдено е дека и два метри оддалеченост не штити од потенцијална инфекција ни на отворено.

Експертите ги повикаа луѓето да продолжат да носат маски и на отворено и на затворено, особено во текот на зимата.

Имено, лице заразено со Ковид-19 доколку не носи маска и на растојание од два метри може да зарази и други. Како што поминува времето, а короната сè уште опстојува, научниците имаат се повеќе и повеќе знаења за тоа што е подобра, а што полоша заштита. Ова резултираше со промени во препораките од почетокот на пандемијата.

Ова особено важи за маските за кои првично беше кажано дека се носат не влијаеле на преносот на инфекцијата, но се покажале како една од поефикасните мерки и набрзо биле воведени во сите затворени простори.