Во онлајн обраќањето на политичкиот панел на конференцијата Отворен Балкан во српскиот парламент, Рама рече дека економиите во регионот долго чекаат на оваа иницијатива и дека таа ќе овозможи побрз економски развој на сите три држави преку отворени граници за стоки, услуги, луѓе и капитал.

Би рекол дека сега сме во фаза на иницијатива кога ќе почнеме да правиме некои работи конкретно, во последните неколку сесии направивме важни чекори кои ќе бидат конкретизирани во декември на самитот во Тирана со потпишување договор и тоа ќе значи полесно услови за работа за компаниите и луѓето имаат проблеми поради границите и бирократијата – рече Рама.

Тој посочи дека иницијаторите на иницијативата „Отворен Балкан“ не треба да „губат време“ за да ги убедат другите економии од регионот да и се придружат и да ги убедат колку е вредна.