дома животен стил Три модни додатоци кои се апсолутен хит во есен

Три модни додатоци кои се апсолутен хит во есен

Модни додатоци што совршено се вклупуваат во вашата есенска гардероба

470
0

Температурите, паѓањето на лисјата, преовладување на жолтата боја, сончеви зраци со помал интензитет, намалување на денот и др. се карактеристики на есенскиот период.

Секој период диктира како ќе се облекуваме и кои парчиња од гардеробата ќе бидат складни со временските услови и срединскиот контекст.

Есен е доба што е инспиративна за модни додатоци во жолта боја, а еве кои три додатоци ќе ви го збогатат стилот:

Отворен џемпер без копчиња

Долг џемпер без копчиња во жолта боја е апсолутен хит за време на есенскиот период. Вимателно искомбинирајте го џемперот со хеланки, џинс и базични блузи во црна или бела варијанта.

woman wearing brown cardigan leaning on wooden wall

Хулахопки со дезен

Хулахопки со интересен дезен се моден детаљ кој може да го имате само во есенски период. Ускладете ја бојата на дезенот од хулахопките со боја што преовладува на вашата туника, јакна, ташна или чевли.

Пенти Манија се случува во градот – промотивна акција на вашите омилени  хулахопки

Марама за коса или венче

Преку лето носите очила за сонце, преку зима носите капа, а есента може да ја обележите со интересни венчиња за коса или марами што може да ги носите на коса или на врат.

Тие ќе дадат повеќе композиција на вашата гардероба и ќе дадат авторски печат на вашиот стил.

black white and red tribal print pants