Врз основа на средногодишниот индекс на Numbeo, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот.

Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека, јави Ора њуз.

Numbeo го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.

Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана.

Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.

Глобалниот бран на поскапувања ги зголеми трошоците за живот насекаде во светот. Оваа инфлација, која во најголем дел не е придружена со зголемување на приходите, се очекува да ја зголеми сиромаштијата насекаде во светот, констатира телевизијата.

ИЗВОРНезависен
претходниот член,Животните не се забава: Зошто никогаш не треба да пливате со делфини
Следната статијаЗа денеска во 12 ч. закажан голем сенароден протест, Спасовски ја активира цела МВР

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде