Денеска во 12 часот ќе се случи голем сенароден протест пред зградата на Собранието на Република Македонија каде денеска „францускиот предлог“ ќе стигне пред пратениците. 

За денеска е закажано и обраќањето на Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК кон македонските пратеници.

Додека народот протестира, министерот за внатрешни работи најавува дека полицијата ќе ги чува пратениците и зградата на Собранието превенирајќи да се случи повторно 27ми Април.

МВР ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Секако дека протести, јавно изразување на својот став, мислење итн., е демократска вредност, демократско право, меѓутоа тоа мора да биде и на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување, напротив демократијата подразбира однесување во рамките на законот. Апелирам до сите, пред сè до организаторите на овие собири, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што имаат испратено допис пред неколку дена како организатори на тие собири, секако тука се и други политички структури како Левица итн., здруженија на граѓани да направиме сè на мирен и достоинствен начин да поминуваат сите овие собири – изјави Спасовски.