Научниците смислиле едноставен тест со кој многу лесно можете да го забележите потенцијалниот ризик од мозочен удар.

Сè што треба да направите е да станете и да застанете на едната нога.

Овој тест е најдобар показател за функцијата на мозокот, бидејќи, според него, секое лице кое е здраво може да стои дваесетина секунди без проблеми и да одржува рамнотежа.

Меѓутоа, ако не можете да издржите толку долго и немате физички проблем, треба веднаш да одите на лекар.

На тестот учествувале 1.300 лица со просечна возраст од 67 години.

Секој мораше да го стори истото, да застане на едната нога и да одржува рамнотежа 20 секунди.

По тестот, била проверена состојбата на мозокот и било откриено дека дури 30 проценти од оние кои имале проблем со балансирање имале проблем со мозокот, како што се задебелени капилари.