Сите понекогаш имаме „лош ден“ уште од самото негово започнување. Не случајно во фолклорниот јазик постои фраза „По утрото денот се познава“

Но, не мора секогаш така да биде. Потребно е само малку време за посветите на себе, својата мотивација и за подобрување на расположението и веднаш ќе доживеете промена.

Ви предлагаме три техники кои ќе ве збогатат со енергија и добро расположение.

Слушајте класична музика

Класичната музка целосно ја менува менталната фреквенција на која се наоѓате.

Таа врши интервенција во брзината на размислувањето, фокусот, зголемување на вниманите.

Освен тоа е убава, а убавината е причина сите да се имаме чувство на пријатност и уживање.

Наутро слушајте класична музика најмалку 10тина минути.

Полијте ги цвеќињата, поминете време со миленичето или со децата

Односот на грижа е многу важен за човекот да се чувствува корисен. Затоа секое утро поминете неколку минути со вашите деца доколку се мали, подгответе им појадок, поразговарајте со нив.

Истото може да го направите и со градината или домашното милениче. Тие се живи суштества на кои им е потребна вашата грижа и нега.

Кога ќе добиете чувство на корисност, многу полесно ќе се мотивирате за понатамошната работа.

Не почнувајте го денот со екран

Гледањето во екран може да ве направи апатични и буквално да ви ја одземе енергијата која и така ви е на намалено ниво во тие „лоши денови“.

Не започнувајте го денот со вести и информации што исцрпуваат, оставете го тоа за подоцна.

Наместо екран, направете мала прошетка, потикнете си го крвотокот или прочитајте неколку страни од вашата омилена книга.