Факт е дека сите го бараме здравјето дури тогаш кога ќе го изгубиме. А кога ќе го изгубиме скоро е невозможно да бидеме повторно здрави, може само да живееме со болеста.

Затоа е важно да го сочуваме сопственото здравје, а за тоа не е потребно многу труд и време. Доволно е само да се запрашаме што денеска направивме за нашето здравје?

  • Овошје и зеленчук 

Свежиот зеленчук е многу важна компонента од оброкот и најголемата количина од оброкот треба да ви биде впрочем салатата.

Важно е секој ден да јадете различни намирници и да подготвувате што е можно поразновидна салата.

Во текот на денот, потрудете се да јадете по една овошна и по една салата само од разновиден зеленчук!

  • Вода 

Запрашајте се колку вода денеска испивте и дали тоа е доволно.

Секој човек мора да внесе најмалку 1,5 литри вода, а во лето и повеќе од тоа.

Ако не сте испиле 1,5 литри вода, тогаш во себе чувате голем број на токсини и не им помагате да го најдат излезот кон надвор!

  • Физичка активност 

Дали денеска одивте барем 15тина минути за физички активности?

Ако вашиот одговот е НЕ, тогаш сигурно се движите кон состојба на некоја болест.

  • Пороци

Алкохолот и цигарите се смртен непријател на вашето здравје.

Ако се уште не сте се откажале од пороците, тогаш сами си го уништувате своето здравје и никој друг освен вас не е виновен за болеста која со тек на време ќе резултира од нездравите животни навики.