Шведскиот регулатор за комуникации ПТС соопшти дека ги одобрил Телија, 3 Шведска, Тераком и заедничко вложување наречено Net4Mobility со вклучување на Теленор и Теле2 да учествуваат на аукции за развој на 5G спектарот во опсезите од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци.
Аукцијата со спектар од 3,5 гигахерци е предвидено да започне на 10 ноември.
Кинеските компании Хуавеи и ЗТЕ не смеат да се користат како добавувачи на опрема, објави регулаторното тело.
Апликациите за учество на аукцијата беа разгледани во договор со шведските вооружени сили и службата за безбедност, и како резултат, ПТС применува одредени услови за лиценцирање.
Носителите на лиценци мора да ги преземат потребните технички и организациски мерки за да се осигурат дека употребата на лиценцирани радија не ја нарушува безбедноста на Шведска.
„Централните функции“, од кои се исклучени кинеските добавувачи, вклучуваат работа на мрежата за радио пристап, мрежата за пренос, основната мрежа и мрежата за услуги и одржување.
Доколку постојната инфраструктура за централни функции треба да се искористи за да се обезбедат услуги до соодветниот опсег, производите на Huawei и ZTE мора да се отстранат најдоцна до 1 јануари 2025 година.
Извор: Novaekonomija.rs