Гевгеличанката што читала многу книги е осудена на социјални мрежи.
Од „да не си зготвила нешто“ преко „јаден тој маж до тебе“ до „секој со своето лудило“.
Стварно е жената за осуда мамицу ви вашу. Не се осудени криминалци, апаши, убијци, дилери на дрога и курварлук, напротив нив ги наградуваме со власт и моќ, а пошто некој мора да биде осуден, нека биде тоа таа жена од Гевгелија што чита книги и што на никој ништо лошо не направила со тоа.
Ма нек гори у пекол и она со све книгите пошто нели смртен грев е да се читаат книги.
Само дрога, алкохол и турбо фолк на децата да им приредувате, книги немојте, учете ги дека се искључиво штетни и дека им зрачат електро-магнетни бранови преко очите у мозокот и ги хипнотизираат.
Давајте им мобилни, слободен пристап до порнографија, учете ги да бидат незнајковци пошто само така ќе успеат. Така да си ги воспитувате децата, и издвојувајте ја женана за пример КАКО НЕ ТРЕБА во животот да се прави, оти ако така се прави keve sere секоја полуписмена багра и будала.
Месењето пита и погача претставувајте го како животен триумф, лутањето по кафани, швалерлукот и мрзењето и оговарањето на секој што е подобар, поубав или позголен од вас. За ништо подобро и не сте!
А на женана што чита по 15 часа на ден и благодарам што придонесува во просекот на прочитани книги по глава на жител во Македонија, таа ја покрива онаа беда на која последна прочитана книга им е Зоки Поки и последно напишано дело им е коментар на фејсбук објава од типот nese pravi mnogu pametna.