Американската психотерапевтка Памела Блер напиша книга „Стареjте подобро“ во која дава корисни совети, иако некои ќе кажат дека советите се „неприменливи или непотребни за нашите услови“.

Но, ако не планирате да умрете утре, ова може да ве поттикне да размислите поинаку за староста и со нетрпение да ја очекувате.

Во анкетата на Американското здружение на пензионери (ААРП), луѓето постари од 18 години беа прашани дали би сакале да живеат стотина години. И, погодете каков е резултатот? Шеесет и три проценти од испитаниците рекле дека не сакаат.

И покрај фактот дека имаме добри шанси да доживееме сто (сакале ние или не), многумина од нас се плашат од непознатиот терен на стареење.

Се плашиме од болест, сиромаштија, губење на менталните способности, дека ќе бидеме зависни од другите и дека ќе бидеме товар за семејството.

Точно е дека немаме целосна контрола над овие настани, но ниту ние не сме целосно беспомошни жртви. Многу стогодишници се уште се активни во своите заедници и ги практикуваат своите вештини, уживаат во своите хоби и се чувствуваат изненадувачки здрави.