Во четврток (21 октомври 2021) ќе се отвори ретроспективната изложба на Васко Ташковски, со почеток во 20 часот, во Даут пашиниот амам.

Васко Ташковски е инаку македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.

Ретроспективната изложба ќе го опфати изборот на најзначајните ликовни творби од творештвото на Васко Ташковски.