Можеби не сте знаеле дека начинот на пишување пораки открива некои ваши технички вештини, нешто за вашиот социјален живот и познавање граматика, односно дека кажува многу за Вас.

Ајде да видиме за што станува збор:

  • Начинот на кој користите емотикони

Дали користите многу смајли? Ако одговорот е „да“, ова е знак дека сакате да изразувате емоции на други начини отколку да користите зборови.

  • Кратки / долги пораки

Ако сте фан на долги пораки (како еден цел пасус), ова може да биде знак дека сте подготвени за акција во животот на секое поле.

Ако сакате пак многу кратки пораки – оние од само еден збор, тоа значи дека сте многу директни и честопати ја завршувате „прославата“ пред да започне огнометот.

  • Користете кратенки

Ова е добра карактеристика затоа што имате тенденција да создадете пријатна и опуштена атмосфера во домот или на работното место.

  • Број на пораки што ги испраќате секој ден

Кој е твојот резултат? 10? 50? Уште повеќе? Колку повеќе пораки сте во можност да испраќате секој ден, толку повеќе внимание всушност сакате.

  • Пишување доцна во ноќта

Некои луѓе сакаат да пишуваат пораки среде ноќ, додека други воопшто не сакаат, со што се ограничуваат пораките на пристојно време предвидено за остварување телефонски повици.

Ако сте традиционален тип – тоа може да значи и дека ви се допаѓа традиционалниот начин на живот и работа.

  • Испраќате порака додека разговарате со некого

Вие припаѓате на група луѓе кои ја имаат оваа навика? Ако одговорот е „да“, веројатно сте многу помалку фокусирани на постапките, бидејќи размислувате за обврските што ве чекаат следниот ден.