Владата на Црна Гора ќе им додели туристички купон во износ од 50 евра на сите граѓани постари од 50 години кои ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус во јули.

Тие што ќе добијат купон, преку СМС порака ќе бидат известени каде и во кој временски период можат да го користат купонот, како и детали поврзани со резервации во хотели.

Уште еднаш, апелираме до сите граѓани да ја разберат важноста на вакцинацијата и да го дадат својот придонес во овој процес – соопшти владата.

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 28 нови случаи на коронавирус.