Кога ќе запознаеме некого, прво ја забележуваме неговата облека, говорот на телото и воопшто физичкиот изглед и сакале или не, врз основа на тоа го добиваме првиот впечаток.

И врз основа на што го добиваме првиот впечаток кога ќе посетиме некого за прв пат или кога некој ќе ни дојде?

Верувале или не, врз основа на само една работа, која нема никаква врска со мебелот и изгледот на домот.

Иако сето ова зборува за нечиј дом, мирисот е всушност првото нешто што човек го забележува кога првпат ќе влезе во нечија куќа.

Иако повеќето луѓе, кога ги пречекуваат гостите, првото нешто што прават е да го отстранат сето она што можеби не е на своето место, но можеби сепак треба прво да проветриме или да запалиме миризлива свеќа.

Освен мирисот, луѓето кога доаѓаат на гости забележуваат уште нешто – влезот, односно дали има неред, дали имате свежо цвеќе, па дури потоа како е уреден станот и колку е уредена бањата.