Дали има нус ефекти од вакцинацијата, која вакцина да се прими, која категорија на луѓе не смее да се вакцинира, се прашања кои често се поставуваат.

Милан Мазалин, спец. по општа медицина, Здравствен дом Загреб-Запад за „Живим“ открива во кои случаи не треба да се прими ниту една вакцина:

-Контраиндикации за вакцинација против Ковид-19 се: алергија на некоја од компонентите на вакцината, силна реакција на првата доза од вакцината и акутна инфекција и фебрилна состојба. Кај лица со претходна дијагноза на синдром на тромбоза и тромбоцитопенија и синдром на капиларно истекување, се препорачува да се избегнуваат векторски вакцини (Astra Zeneca и Johnson & Johnson) и да се користат вакцини со mRNA (Pfizer или Moderna). Потребна е дополнителна претпазливост кај луѓето кои имале непосредна алергиска реакција на други вакцини или терапија со инјектирање, а исто така треба да се консултираат со својот лекар. Ако не спаѓате во ниту една од горенаведените категории, нема причина да не се вакцинирате.