Додека новиот сој омикрон се шири низ светот, лекарите во Јужна Африка од каде потекнува мутацијата имаат охрабрувачки вести.

Лекарот Унбен Пилеј кој спасува десетици заразени пациенти од коронавирус дневно истакнува дека никогаш не испратил никого во болница на лекување од омикрон, што е исклучително важно за следење на овој нов сој велат упатените.

Ова е една од причините зошто тој, заедно со други лекари и медицински експерти, се сомнева дека новиот сој омикрон предизвикува поблага форма на болеста од делта-сојот, иако се чини дека се шири побрзо.

Засега сите пациенти се на домашно лекување, немаше потреба од хоспитализација. Повеќето од нив закрепнаа во периодот на изолација од 10 до 14 дена – посочи Пилеј.

Неговите пациенти вклучуваат постари лица, но и оние со здравствени проблеми кои можат да ги направат подложни на инфекција со коронавирус.

Дури и тие имаат развиено релативно благи клинички слики и се опоравуваат како што се очекуваше, вели тој.

За две недели откако омикрон првпат беше пријавен во Јужна Африка, и други лекари споделија слични приказни.