Најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара.

Луксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз.

Луксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.