Андреј Курпатов, познат руски психотерапевт, писател и колумнист на многу публикации, ги постави златните правила на неговиот живот. Ви предлагаме да ги прочитате бидејќи можеби и вам ви одговараат.

Креаторот на современиот модел на психологија, автор на повеќе од стотина научни трудови и неколку десетици монографии, раководи со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, е советник на Федералното собрание на Руската Федерација за психолошка култура и ментално здравје.

Андреј Курпатов е лекар-психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, управител на Клиниката на д-р Андреј Курпатов, раководител на Градскиот клинички центар во Санкт Петербург, член на Балтичката педагошка академија.

Неговите книги се многу интересни, напишани на разбирлив јазик, полни со иронија и навистина помагаат!

  • Никогаш не ја префрлајте одговорноста за тоа што ви се случува во животот на грбот на друг

Разбирам дека постои постојано искушение да се обвинува друг, тоа е можеби најлесното и со тоа да се оправдате.

Но, моќта ќе ја пронајдете кога целосно ќе прифатите дека сте автор на сите ваши неуспеси и креатор на сите ваши успеси, пишува Bright side.