Тренингот треба да биде дел од вашето секојдневи, бидејќи тоа е влог во иднината на вашето здравје.
Покрај здравствени ефекти, тренинзите ви обезведуваат добар изглед и фит линија.
На многумина им недостасува мотивација за тренинг, или почнуваат па со тек на времето им се намалува волјата поради нералните очекувања.
Ние ви предлагаме 3 начини како да се мотивирате пред тренинг и да го дадете најдоброто од себе, резултатите само ќе се нижат.
- Исхрана
Еден час пред тренинг подгответе се со исхрана. Направете го протеинскиот шеик и внимателно изберете што ќе јадете по тренингот.
На тој начин ќе се фокусирате целосно на своето тело и ќе го одработите тренингот под голема концентрација и план.
- Гледајте мотивациско видео
Изгледајте некое видео кое ќе ве мотивира за тренинг.
Дали е тоа мотивациски говор за поттикнување на фитнес култура или вежби на вашата омилена фитнес инструкторка.
Што и да ве мотивира, изгледајте го непосредно пред тренингот.
- Дефинирајте што сакате да направите од себе
Во главата замислете си какви сакате да станете.
Таа имагинарна слика ќе ви остане во сеќавање долго и ќе ве влече напред.
Бидејќи единствен начин да го постигнете тоа е активна, посветена и напорна работа на себе!