Ароматерапијата или древен начин на лекување со есенцијални масла станува сè попопуларна во последниве години.

Експертите тврдат дека ароматерапијата може да се примени и во спалната соба, со внесување на растенија со силни и пријатни мириси кои ќе направат чуда за вашиот сон.

Имено, германските научници потврдија дека внесувањето цвеќе во спалната соба позитивно влијае на соништата.Освен звукот и физичките сензации, на спиењето и удобноста влијаат и мирисните фактори.

Професорот Борис Стук и неговите соработници од Универзитетската болница во Манхајм ги изложиле волонтерите на различни мириси, а потоа, откако се разбудиле, ги прашале за нивните реакции.

Оние кои биле изложени на мирисот на рози, откако се разбудиле, рекле дека чувствувале позитивни емоции во сонот.

За максимално опуштање ви предлагаме смирувачки мириси и бои.Направете место на комодата во спалната соба и изберете цвеќиња чиј мирис ви е најпријатен. Бидете внимателни бидејќи цвеќињата со премногу интензивен мирис, како лилјаните, не се препорачуваат за почувствителни луѓе.

Не ја исполнувајте спалната соба со живи растенија, тие ќе го земат достапниот кислород навечер, за време на спиењето.