Паоло Лузато-Фегис, експерт за машински инженеринг од Универзитетот во Калифорнија, ги анализирал студиите од минатата година кои ги проучувале ефектите на различните форми на ултравиолетово зрачење и по тој повод откриле значителни разлики.

Теоријата претпоставува дека деактивирањето работи така што УВБ ја погодува РНК на вирусот и со тоа го оштетува – изјави тој, пренесува „Science Alert“.

Сончевата светлина содржи три вида на ултравиолетови зраци: УВА, УВБ и УВЦ.

Првиот е типот што го сочинува најголемиот дел од ултравиолетовото зрачење што достигнува до површината на Земјата, а тоа се подолги бранови кои немаат доволно енергија за да предизвикаат поголеми проблеми.

УВБ брановите со среден опсег можат да уништат микроби и да предизвикаат изгореници на човечка кожа.

Од друга страна, УВЦ се состои од пократки, посилни бранови должини на светлината, за кои претходно се покажа дека деактивираат вируси како што е САРС-КоВ-2, а е предизвикано од Ковид-19.

Сепак, овој вид на ултравиолетово зрачење обично не доаѓа во контакт со површината на Земјата поради озонот во атмосферата што го филтрира.

Следниот месец беше објавена теорија според која сончевата светлина може да го постигне истиот ефект.

Заклучокот од втората студија беше дека САРС-CoV-2 е трипати почувствителен на УВ зрачење на сончева светлина од вирусот на грип А, додека повеќето честички од вирусот корона се инактивираат по само половина час изложеност на летна сончева светлина.

Од друга страна, под зимската сончева светлина, вирусот може да преживее со денови.