Ван Гог е еден од најпознатите сликари од денешен контекст. Но, неговото современие, не сметало баш така.

Тој во текот на својот живот не успеал да продаде ниту една негова слика и повеќетo од нив ги подарувал на соселаните сметајќи дека тие ќе умеат да препознаат барем мала вредност во нив.

За жал, скоро сите подарени слики од Ван Гог завршувале како импровизирана врата на кокошарниците.

Селаните не ја разбрале нивната уметничка и духовна вредност, ја разбрале само практичната и во сликите виделе едноставна врата за кокошарниците.

Ван Гог цел живот го поминал во беда, преживувал благодарение на малкуте пари што му ги испраќал неговиот брат кој инаку бил трговец и продавач на слики.

Иако Ван Гог бил примерен жител на селото, доста мирен и повлечен, посветен на својата работа, дури и со волја да им помогне на своите соселани, еден ден тие одлучиле да го пријават во психијатриска болница бидејќи сметале дека неговиот облик на однесување не е нормален.

Наместо да се занимава со полјоделство и сточарство на село, нив им пречело тоа што тој постојано се загледувал во природата и неа ја пресликувал на платно.

Селаните во сите други ситуации меѓусебно се тепале и влегувале во конфликт, само кога било прашање на одлука да се пријави Ван Гог во психијатриска установа сите сложно и единствено постапиле.

По нивна пријава тој завршил во психијатриска болница, каде учен психијатар кој увидел дека Ван Гог нема инаку ментални проблеми одлучил да го задржи таму, со цел да му обезбеди мир од линчот на селаните.

Психијатарот единствено применувал метода на „разговор“ со Ван Гог и уживал додека ги слушал неговите монолози.

Всушност психијатарот не го лекувал и онака здравиот Ван Гог, туку уживал да разговата со него.

На тој начин му обезбедил простор да продолжи да слика во психијатриската болница каде и е насликано најимпозантното дело од денешен контекст „Сончогледите“.

Наравоучение: Генијалниот човек се разликува од својата околина и поради тоа никогаш нема да добие признание за својот талент, ниту за него е важно да има слава и успех.

Генијалниот човек има незаприлив творечки импулс кој незапирливо се реализира.

Тоа што некој краткотрајно ќе го „зацрни“ или ќе се обиде да го спинува генијалецот, не ја менува општата приказна.

Денеска, сите знаеме за Ван Гог, тој е вечна инспирација за уметниците и уживателите на уметноста, а никој не знае за просечните селани кои се обиделе да застанат на патот на генијалноста!