Со другите луѓе често градиме однос на несвесно рамниште. Немаме јасна претстава што е тоа што кај некои луѓе ни се допаѓа и не привлекува да бидеме во нивна близина, а кои се тие својства што кај други луѓе не одбиваат и ни создаваат аверзија кон нив. 

Некои луѓе не мора да направат ништо да ги заслужат нашите симпатии, а други дури и да се трудат да останат во нашите животи не може да ја разбијат аверзијата која ја имаме кон нив.

Психолозите велат дека за тоа е заслужен „првиот впечаток“ тој се задржува долго време во обликувањето на претставата за другиот и односот со него. Сепак односите што ги градиме со другите луѓе, не треба да бидат на рамниште на несвесно доколку сакаме да избегнеме разочарувања и емоционални повреди. Иако луѓето се менлива категорија и не можеме да предвидиме како ќе заврши и колку ќе трае еден однос, сепак потребно е да воведеме механизми на претпазливост кој пуштаме во нашиот живот.

Не дозволувајте да го вперат прстот во вас, оние на кои им е веќе валкана дланката! Само луѓе кои се губитници се подготвени на осуди, луѓето кои се реализирани никогаш не се радуваат на туѓиот неуспех бидејќи се свесни дека животот е тркало и дека може да се соочат со истата ситуација за која го осудуваат другиот.
Како се однесуваат кога ви е лошо?

Општо е познато дека кога ви е добро имате многу пријатели, кога ви е лошо имате многу малку луѓе во вашето опкружување. Во суштина оној што не е тука кога вам ви е лошо, не го заслужува ниту вашето добро.

Ценете ги луѓето кои се трудат со сите сили да останат во вашиот живот и да ве видат повторно со насмевка на лицето. Тие знаат дека секој има лош период во животот и стрпливо чекаат да ве видат повторно среќни.

Како се однесуваат кога ви е добро?

Внимавајте на однесувањето на другите и кога ви е добро. Некои луѓе ве сакаат само кога сте на дното. Тогаш ќе сакаат да бидат во ваша близина бидејќи уживаат да гледаат како вие страдате.

Доколку имате луѓе од вашето опкружување кои се тука само кога ви е лошо и нема да ви упатат ниту една искрена честитка кога успевате и постигнувате мали, но за вас значајни животни триумфи, јасно е дека тие луѓе не се добронамерни.

Баланс на слушање и зборување 

Луѓе кои „трујат“ со свои проблеми се навистина напорни, а уште пострашни се оние кои сакаат да ја чујат вашата приватност но не се подготвени да ја изнесат својата.

Пријатели кои балансираат помеѓу слушањето и зборувањето за себе, се вистинско богатство, баш поради тоа што се реткост.

Како ги прифаќаат вашите одлуки?

Имате право самостојно да носите одлуки се додека сте подготвени да се носите со одговорностите и последиците од нив. Нема потреба вашата одлука некому да му се допаѓа или да не му се допаѓа, едноставно туѓите одлуки не се коментираат.

Луѓето кои доволно ве почитуваат ќе ја почитуваат и вашата одлука. Баталете ги луѓето кои секогаш имаат гатарски предвидувања за иднината и знаат што е добро, а што лошо за вас бидејќи „предвидуваат“ како ќе завршите носејќи некоја одлука.

Автор: Магдалена Стојмановиќ