Многумина луѓе сескот го сметаат за мистерија, а општеството наметнува деградирачки однос кон сексот сметајќи го за чиста телесност или животниски нагон.

Затоа многу теории без разлика дали се од религиска или психолошка област се трудам концептуално да го ограничат сексот.

Можете да прочитате многу правила околу тоа што е исправно, а што е погрешно во сексот, морални поворки за тоа кој секс е дозволен, а кој е социјално неприфатлив и сл.

Но се повеќе луѓе се согласуваат дека сексот е еден тип на интимно уживање што го споделувате со вашиот партнер/ка.

Па затоа ви предлагаме неколку совети како тоа уживање да го зголемите кај себе прво, а потоа и кај партнерот:

  • Бидете слободни 

Уживањето во сексот значи степен на слобода кој го имате при чинот, а за да имате слобода потребно е добро да се познавате со партнерот и да се специфично поврзани.

  • Не срамете се да ги поставите вашите барања 

Ако не уживате во тоа што го прави партнерот, веднаш прекинете и побарајте мала промена во сексот која ќе ви причини уживање и вам.

  • Бидете присутни 

Немојте да стапувате во сексуален однос ако имате намера да бркате комарци околу или да броите муви.

Препуштете се целосно на моментот и бидете присутни.