Тоа се нарекува самодоверба. Човек кој може да застане зад своите одлуки и дела и да се носи со нивните последици кои често знаат да бидат казна, а не награда, има поголема автономија над својот живот. 

Луѓето кои често се поведуваат по мислењето на другите и внимаваат да ги задоволат желбите на колективот, многу тешко се одлучуваат да преземат чекор.

Сепак, во својата самоувереност не треба да бидеме самоволни и целосно исклучени од совеста и моралот. Тие се важни компоненти во носење на одлуки. Ако одлуката што ја носите го поминува вашиот „внатрешен“ тест и вашата совест не е вознемирена тогаш одлуката е исправна, колку и да е противречена од другите луѓе.

Во мерење на туѓите постапки, луѓето многу често не тргаат од моралните начела, туку од своите потсвесни афинитети или аверзии кон вас. Затоа не се вознемирувајте многу околку човечкиот суд бидејќи тој е закана за казна без дело, а луѓето често имаат потреба да ве заплашат, обесхрабрат и наведат на погрешен пат кога ви формулираат рченица ако го направиш тоа, тогаш ќе ти се случи тоа.

На пример ако заминеш на патување, нема да имаш пари да го поминеш месецот. Во ред, тоа донекаде се предвидливи работи, ама ако вие сте свесни за тоа дека парите што ќе ги оделите за патување ви се многу поважни од тоа да јадете стек наместо супа до крајот на месецот, сосема е легитимен вашиот избор и нема потреба некој да се нервира околу тоа, ако вам ви е океј или вие сосема добро се носите со своите проблеми дури и кога не ви е. Човек постојано жртвува нешто за да добие друго за возврат.

Вие самите си одредувате колку сте поготвени да вложите за да добиете нешто друго за возврат.

Затоа застанете секогаш зад себе, дури и зад своите грешки, тие се ваши грешки и вие имате право на нив. Животот е школо, а не арена за докажување на нашите супериорности во споредба со другите.

Луѓето на кои им е полна устата со осуди, самите ќе се сопнат на првата кривина не гледајќи пред себе, туку во вас и вашите чекори. Оставете ги да се сопнат од заслепеноста што ја носи омразата, а вие чекорете секогаш по вашиот пат, исправено и достоинствено!