Историјата на филозофијата најдобро може да ја разбереме преку спротиставување на некои филозофи кои третирале иста тема или приближно исти истражувачки прашања.

Еден таков филозофски кометитивен пар е – Русо и Хобс.

Хобс е авторот на прочуеното дело „Левијатан“ додека Русо има напишано многу дела меѓу кои „Дискурсот за нееднквоста“ што е едно од неговите најпознати дела.

Овие двајца филозофи имаат спротивставено мислење за тоа што значи слободата.

Томас Хобс смета дека слободата е можност да се постапува во која било насока се додека не се загрози сободата на другиот.

Жан Жак Русо, пак смета дека, слободата не е можност да се постапува како што сакаме, туку слобода да не мора да постапуваме онака како што не сакаме.

Хобс ја ограничува слободата на контактот со надворешниот субјект и слободата за автореализација, додека Русо повеќе се осврнува на внатрешната слобода, на бунтот, на борбата против робството и потчинувањето.