Ако сте љубител на узо и маслинки, ви предлагаме уште еден гастрономски специјалитет во кој ќе уживаат вашите сетила.
Тиро салатата е вистински избор за летните денови, таа е на база на павлака и фета сирење, со што ги надоместува потребите калории, ви дава енергија, но во исто време ве освежува.
Идеална е за послужување во даска со похованици, но може да се послужи и самостојно со крцкави лепчиња.
Ние ви го предлагаме рецептот за совршена домашна тиро салата:
- 1 павлака од 400 грама
- 250 грама фера сирење
- маслиново масло
- неколку сецкани маслинки
- ситно сецкани фефернчиња или свежа лута пиперка
- сол, бибер
Во голем сад истурете ја павлаката, а веднаш потоа додадете го и фета сирењето. Матете со миксер додека смесата не стане компактна.
Додадете ситно сецкани маслинки и пиперчиња и промешајте ја смесата.
На крај додадете зачини и неколку капки маслиново масло.
Послужете ја на чинија над лист со марула и декорирајте со свежа краставица сецкана на кругови.