Одговорот на стресна ситуација се одвива физички и психички. Стресот има улога што всушност не штити и одржува во живот, а нашиот нервен систем реагира на стрес со реакција „борба или бегство“, односно зголемено лачење на адреналин и подготовка на целото тело за акција, борба и надминување на опасностите и пречките.

Меѓутоа, проблемот настанува затоа што нашиот нервен систем во стресни околности секогаш реагира како да е прашање на живот или смрт, и на прво место не разликува емоционална од вистинска закана.

Така, на пример, кога имаме конфликт со некого на работа, во семејството или кога имаме финансиски проблеми, физиолошки нашиот организам реагира како да е директно загрозен, и сосема е јасно дека честите реакции од овој тип ја ослабуваат нашата целокупна психофизичка сила.

Во прилог на психотерапија, спорт или други хоби како што се јога и медитација, можете да го регулирате стресот со јадење здрава храна и пијалоци.

Рецепт за анти-стрес пијалок

Топла вода во комбинација со лимон и ѓумбир е одличен начин да го поттикнете варењето, но може да помогне и кога станува збор за стресот.

Ѓумбирот е богат со антиоксиданс, кој помага да се елиминираат штетните материи што ги произведува нашето тело кога сме загрижени, а овој корен на тој начин го намалува психолошкиот ефект на стресот.

За да го направите овој пијалок против стрес, треба да го измиете и излупите коренот од ѓумбир.

Потоа изрендајте или исечете 2 корени од ѓумбир. Истурете половина литар врела вода и оставете 15 минути.

Потоа процедете и додадете парче лимон.