Инсектите, од секаков вид, не се баш најдобредојдените гости во домаќинството. Како што времето станува се потопло, се зголемува присуството на муви и комарци во нашите домаќинства.
За да се ослободиме од нив, купуваме разни хемикалии кои не се најздрава опција ниту за луѓето. Сепак, ви откриваме и природно решение за проблемот со инсектите.
Еве како да направите природен препарат за да го решите овој проблем.
Потребни состојки:
- половина чаша оцет
- половина чаша растително масло
Подготовка:
Измешајте ги состојките и ставете ги во шише кое треба да биде отворено, а тој мирис ќе ги избрка инсектите. Наредете ги тие шишиња низ собите, а инсектите и мувите наскоро ќе станат минато.
Исто така, треба да се напомене дека и освежувачите се полни со хемикалии, па затоа е најдобро да земете лаванда, која ќе ги впие тие непријатни мириси и ќе го освежи вашиот дом.
Дајте му шанса на оваа подготовка и резултатот ќе ве воодушеви.