Мотивацијата претставува вроден ентузијазам на вработениот за да се остварат активности поврзани со работата. Мотивацијата е внатрешен нагон што го мотивира поединецот да одлучи да преземе акција.

Мотивацијата на поединецот е под влијание на голем број биолошки, интелектуални, социјални и емоционални фактори. Како таква, мотивацијата е комплексна сила на која, исто така, може да влијаат и надворешните фактори.

Како да ја потикнете мотивацијата на работното место
Секоја личност има активности, настани, луѓе и цели во својот живот кои можат да ја мотивираат. Трикот за работодавците е да дознаат како да ја инспирираат мотивацијата на секој еден вработен на работа.

Иако работодавците разбираат дека треба да обезбедат работна средина која креира мотивација, многумина не го разбираат значењето на мотивацијата во остварувањето на мисијата и визијата на компанијата. Дури и кога ја разбираат важноста на мотивацијата, работодавците честопати немаат вештини и знаење за да обезбедат работна средина која поттикнува мотивација помеѓу вработените.

Еве неколку начини за да го промените тоа.

10 фактори за поттикнување на мотивацијата
Ова се некои од факторите што мора да се случат со цел да се мотивираат вработените.

  • Менаџерски и лидерски акции кои ги поттикнуваат вработените
  • Транспарентна и редовна комуникација за фактори кои се важни за вработените
  • Третирање на вработените со почит
  • Вклучување на вработените во одлуките за нивното работење и работа
  • Минимизирање на бројот на правила и политики во работната средина која им дава доверба на вработените и ги третира како возрасни
  • Редовно препознавање на допринесот на вработените
  • Обезбедување фидбек и коучинг од менаџерите и лидерите
  • Обезбедување натпросени бенефиции и компензација
  • Организирање на корпоративни активности
  • Менаџирање на вработените во рамките на остварлива рамка на цели, мерења и јасни очекувања