Иако манирите и доброто однесување се универзални карактеристики кои важат за секој еден поединец, сепак бон тон може да се прилагоди на намена.

Ако сте жена и треба да излезете на прв состанок со некој, тогаш дефинитивно треба да се подготвите да ги поставите вашите услови на почеток.

Тоа треба да го направите без да изгледате напорно или како отворена книга во која има простор за допишување на страници (преговарање).

Каков ви е првиот состанок таква ќе ви е иднината со личноста што седи СПРОТИ вас.

  • Седнете спроти, никако еден до друг

Телесна блискост никако не е препорачлива на прв состанок.

Таа може да се случи дури откако ќе се случи разговорот од кој можете да ги процените намерите на вашиот иден партнер и ќе потврдите дека тоа е личноста со која сакате заедно да чекорите низ животот.

На почетокот седнете еден спроти друг и внимателно анализирајте ги неговите погледи, гестови, движења на телото.

Од тоа дали е нервозен, смирен, свртен кон вас, фокусиран на вашиот поглед или на вашата нога, ќе откриете каков профил на личност е.

  • Оставете го тој нека зборува

Доза на мистериозност е секогаш добредојдена, а за мажите е чиста возбуда.

Не истрчувајте да кажете се за себе или да ги изразувате вашите мислења и ставови по одредени теми без да бидете прашани.

Оставете го него да зборува за себе и да го води разговорот. Ако му успева да го менаџира состанокот со вас, му успева и да го менаџира животот.

На мажот треба да му се даде лидерската позиција, бидејќи тој потајно и ја посакува.

Во спротивно ниту вие ќе бидете дама, ниту тој ќе може да покаже дека е џентлмен.

  • Оставете го нека зборува за иднината 

Не бидете вие таа која ќе потенцира дека ви треба сериозна врска, брак или деца.

Оставете тој да зборува за иднината и плановите што ги има. Ако зборува за далечна иднина и ве консултира или вметнува и вас во плановите, тогаш дефинитивно посакува да сте му љубов!

  • Не дозволувајте да е напорен

Доколку премногу ве испрашува и целиот разговор се сведува на тоа вие да се правдате, тој се става во позиција на бирач, а вие на тој што треба да ја даде понудата.

Вие не сте на пазар и затоа не мора да се нудите, ниту да се трудите да задоволите нечии критериуми.

Ако премногу „дави“ побарајте сметка и заминете од состанокот.

П.с. Секако знаете дека повеќе никогаш не треба да му кренете телефон, а извесно е дека таков профил ќе ве побара, пак и пак и пак до недоглед!