Сексот е комплексна тема во која има биологија, култура и психологија. Голем број од жените и мажите имаат проблем да дефинираат што е добар, а што лош секс.

Да не повторуваме колку темите за сексот се неомилени во општеството и како луѓето си ги шепкаат на уво сите прашања и интриги поврзани со сексот.

Многу парови не може да се пофалат со своето сексуално искуство, што е причина тие поретко да го практикуваат, сексот да го избегнуваат и секоја иницијатива да им причинува стрес, а не уживање.

Неколку причини зошто сексот со партнерот ви е лош:

Сексот не е докажување 

Многу индивидуи сексот го сметаат како докажување, мажите на нивната машкост, жените на нивната привлечност која треба да го задржи мажот покрај нив.

Колку и да е важно поглавје во животот на секој пар, сексот не е арена на докажување, туку повод да уживате и на другиот да му приредите уживање и задоволство.

Сексот е интеракција во која постои размена, а крајната цел е задоволство и уживање на другиот.

Добар секс е оној после кој ќе се чувствувате уважено, почитувано и сакано, а не оној во кој ќе се чувствувате како предмет преку кој некој си ја купува самодовербата или восхитот во очите на другите на кој ќе им го прераскажува сексуалното искуство.

Не сте сами

Кога имате секс, крајната цел не е да доживеете оргазам бидејќи оргазмот може да биде резултат и на маструрбирањето.

Кога имате секс имате жив однос и интеракција со друго човечко суштество за кои повеќе треба да водите грижа дали се чувствува задоволно и ужива, а во меѓувреме да уживате и вие во резултатот од вашата работа!

Нема ограничувања 

Немојте да си го ограничувате сексот на „нормален“ и „абнормален“ секс, такво нешто не постои. Нема ниту една конвенција според која еден секс е нормален, а другиот не е.

Се што ќе се договорите дека може да го примените, а е фантазија на некој од вас двајцата, е во ред. Но за да има зачини во спалната соба мора да постои обострана согласност и договор, никој нема право да му ги наметнува на другиот своите очекувања како услов и правило!

Сексот е разговор 

Услов за добар секс е разговор. Пред да започнете со жешка акција прашајте го вашиот партнер дали постои посебно нешто што сака да го направите за време на сексот, на пример оралниот секс да трае подолго или да имате краток и брз секс.

Преку разговор дознајте еден за друг што очекувате од таа акција, поради што ќе ви биде полесно и да стигнете до целта.

Отткако ќе завршите со акцијата, прашајте го вашиот партнер или партнерка, како го оценува сексот и дали сака да се подобри нешто за следниот пат.

На тој начин ќе почувствувате поголема доверба и слобода со вашиот партнер што се услови за целосно опшутање при сексот.