Сите барем еднаш во животот сме ја обновиле врската по нејзино раскинување и секогаш постоеле различни причини за тоа.

Но и покрај тоа што висока етичка карактеристика е простувањето и давање шанса на нов почеток, психолошки нови почетоци на урнатини не се градат.

Ако еднаш дошло до раскинување на врската секако дека имало дебела причина за тоа и за жал во најголем број од ситуациите причината се повторува што предизвикува ново раскинување или останување во врска и прифаќање на нешта кои не ве прават среќни.

Еве неколку причини зошто не треба да се враќате на старите љубови:

Вашите заминувања ќе ги сфаќа уште помалку сериозно

Ако еднаш сте заминале од љубовна врска и повторно сте се вратиле, во очите на вашиот партнер вашите зборови немаат тежина.

Тој ќе продолжи по старо само затоа што ќе знае дека сте слаби и ќе му простите секој пат кога ќе ви го направи истото.

Трошите време на поправка на старото, додека можеби некаде ве чека нешто ново

Некаде ве чека вистинска среќа, а вие трошите време од својот живот да поправите нешто од минатото кое веројатно нема никогаш да го поправите.

Додека вие го трошите сопственото време како да го имате во изобилие, животот ве потсетува дека е краток за да го живеете во несреќа.

Ако некој сте го оставиле причината не била наивна

Во секоја разделба има причина зошто таа се случила. Иако сите советуваат дека треба да простиме, простувањето не значи и прифаќање врска под било какви околности.

Простете, не ја полнете душата до горчина, но продолжете понатаму. Сетете се дека некои луѓе немале прилика за втора шанса, а кај некои жени насилството се случило само еднаш пред да завршат во мртовечница.

Бидете среќни што имате втора шанса која категорично треба да одобиете да ја дадете.