Планината особено во зимски период може да пружа доста посурови услови за престој бидејќи недопрената природа од планините не е загрозена со биоритамот на луѓето и законите на човековата заедница.

Ретко кој одбира престој на планина во текот на летото, обично луѓето избираат својот одмор да го поминат покрај море и на плажа.

Но затоа зимата може да биде идеален период од годината да поминувате неколку дена на планина.

Придобивките се бројни:

Воздушна бања

Воздухот на планините е почист, а дрвјата континуирано произведуваат свеж кислород кој директно го внесувате во вашите дишни патишта. Дишењето на чист воздух има бројни придобивки по општото здравје на луѓето.

Душевен одмор

Додека природата во планина спие во текот на зимата, вашиот ум се рекреира и рехабилитира од таа глетка. Поминување барем два дена од неделата на планина значително ќе ја подобри не само состојбата на вашето тело туку и состојбата на вашиот ум.

Поздраво срце

Луѓето кои поминуваат повеќе време на планина имаат поздраво срце бидејќи нивниот крвоток е многу поактивен да ги снабди сите клетки со потребните материи. Телото на човекот се бори да се прилагоди на новите услови за престој со што крвотокот е засилен, а срцето пумпа повеќе крв.

Не случајно додека сте на планина се задишувате многу повеќе отколку во урбани услови.

Метаболички процеси

Организмот ги согорува побрзо хранливите материи од вашето тело за да ве снабди со енергија и да го стопли вашето тело. Со тоа метабиличките процеси се позабрзани, вклучително и исфрлање на токсични материи од вашето тело.