Многу е важно да не колабирате, за тоа секако мора да внесувате многу течности и течна храна.
Но потребно е да ја заштитите вашата кожа од една страна и од друга страна да го намалите барем малку чувството на топлина.
За сите кои работат на отворено на лето, важат следниве препораки за заштита:
- Вода за разладување
Вода не е само за пиење, туку и за разладување. Нанесете малку вода на делови од телото, како што се вратот, лицето, измијте ги рацете и нозете.
Тоа ќе ви обезбеди свежина неколку минути.
- Крема со заштитен фактор
Задолжително намачкајте ги деловите од кожата кои се изложени на сончеви зраци со крема за сончање.
На тој начин ја штитите кожата од воспалителни процеси и од губење на еластичност или феномен познат како „стареење на кожата“.
- Туширање со ладна вода пред да излезете
Истуширајте се со поладна вода пред да излезете од дома и не се суштете целосно.
Ладната вода ќе ви обезбеди задржување на свежината во телото барем во нареден 1 час.
- Избегнувајте алкохол
Алкохолот е непријател број еден за сите кои работат на отворено.
Ве дехидрира и го загрева телото дополнително со што го оптеретува вашиот систем за ладење што секако е на „голема мака“.
Строго избегнувајте било кој тип на алкохол и никако не се ладете со „ладно пиво“.
- Чести паузи
Не се изложувајте на сонце повеќе од 15тина минути без да направите пауза во сенка.
При паузата освежете се со вода или овошје.