Според новата студија спроведена од истражувачи во Данска, која беше претставена на последната конференција на Европското здружение за кардиологија, болката во градите се јавува само во еден од пет случаи.

Лекарите таму ги анализирале податоците собрани од 4.000 пациенти, помеѓу 2016 и 2018 година, кои претрпеле срцев удар надвор од болницата и кои контактирале со брза помош до дваесет и четири часа пред кардиопулмоналниот арест.

Лекарите забележале пријавени симптоми (од страна на пациентот или некој близок до нив).

Резултатите потврдуваат дека постојат многу знаци на предупредување – најчесто споменуваниот симптом е отежнато дишење (59%), проследено со конфузија (23%) или губење на свеста (20%).

Срцев удар удира некого приближно на секои 43 секунди.

Тоа се случува кога протокот на крв што носи кислород до срцевиот мускул е сериозно намален или целосно прекинат.

Ова се случува затоа што артериите што го снабдуваат срцето со крв може полека да се стеснат поради насобраната маснотија и холестерол.

Иако телото испраќа предупредувачки сигнали пред самиот срцев удар, ние често ги игнорираме.

Кај жените, симптомите честопати се нетипични, па често не се поврзуваат со толку сериозна состојба, а жените кои преживеале срцев удар ќе бидат изненадени бидејќи мислат дека нивната слабост се должи на грипот.