Државниот завод за статистика соопшти дека трговијата на мало во јули 2021 година бележи раст на прометот во однос на јули 2020.

Гледано по групи и класи, зголемување на прометот има кај Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,7 проценти, а реално за 5 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 11,8 отсто, а реално за 10 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,8 отсто, а реално за 7,6) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 40 проценти, а реално за 18,7).