Претходно, заедничкиот живот пред брак се сметаше за грев. Младите мораа да чекаат официјализирање на нивната љубов за навистина да го започнат заедничкиот живот. Денес многу работи се поинакви, се проценува дека дури 50% од паровите живеат заедно пред брак во модерното време. Сепак, дали е ова добра идеја?

Издвоивме неколку предности и недостатоци на заедничкиот живот, а на вас останува да процените што е подобро.

Предности:

  • Добивате можност подобро да ги разберете очекувањата, потребите и личноста на вашата сакана.
  • Ви се дава можност да ги разберете барањата на живеењето со некого. Тоа значи споделување домашни работи, трошоци и слично.
  • Партнерот можете да го видите во многу ситуации, што не би имале можност да ги правите доколку живеете одвоено. Само тогаш ќе добиете шанса навистина да го запознаете.
  • Ќе можете поефективно да ја планирате иднината како пар.
  • Ќе успеете да го надминете стравот од посветеност, доколку тој е присутен.
  • Ви се дава можност да сфатите колку сте сексуално компатибилни, што е важно за долготрајна врска како што е бракот.
  • Ви се дава можност да заштедите пари за свадба и купување на стан.

Недостатоци:

  • За разлика од одвоеното, заедничкото живеење подразбира многу компромиси и трпение што не секогаш ги имаме.
  • Соочувањето со страната на личноста на партнерот која не ви била толку блиска, може да доведе до крај на врската.
  • Кога партнерите ќе се навикнат да живеат невенчани под ист покрив и да ги делат трошоците, помали се шансите некогаш да се венчаат.
  • Квалитетот на врската нема нужно да се подобри само затоа што живеете со некого.