Повеќе од 8.700 луѓе се осудени на смрт во САД од 1973 година. Повеќе од 1.500 беа егзекутирани. Меѓу осудените, 182 биле НЕВИНИ.
Кваме Ајаму (63) бил осуден на смрт во 1975 година за убиството на Харолд Франкс, доставувач на пари, во источен Кливленд. Имал само 17 години кога бил осуден.
Бил прогласен за виновен првенствено врз основа на сведочењето на 13-годишно момче, кое рекло дека видело Бриџман и уште еден млад човек како напаѓаат доставувач на аголот на улицата. Без трошка докази, форензички или физички, Бриџман бил обвинет за убиство.
Пред тоа немал криминално досие. Друг сведок сведочеше дека Бриџман не бил на аголот на улицата кога Френкс бил убиен. И покрај тоа, тој беше осуден на смрт само неколку месеци по апсењето.
Со помош на ДНК технологијата и нејзиниот развој во последните 30 години многу нерешени убиства биле разрешени, но и е утврдено дека голем број од луѓето кои биле осудени на смртна казна и биле егзекутирани во суштина немале никаква врска со убиството за кое одговарале.
И додека на светско рамниште се водат голем број на дебати за оправданоста на смрттната казна, во последните децении се повеќе се говори за непоправливите штети врз правниот систем што ги нанесува пресудата за смртна казна.
Голем број на невини луѓе страдале, а штетата што им е направена е непоправлива токму бидејќи биле осудени на смрт. Таквото сознание сериозно го девалвира правниот систем и правдата.
До 2006 година во САД беше дозволено и малолетници да се осудуваат на смртна казна, а голем број од нив беа егзекутирани до тој период. Сепак во 2006 година Федералниот суд одлучил да воведе забрана за егзекуција на малолетници.
Случајот Брум
Осуденикот Роберт Брум од државата Охајо требало да биде убиен со инјектирање на смртоносна смеса. Точно во 14 часот на 15 септември 2009 година, овој педесет и тригодишен Афроамериканец бил врзан за кревет во ќелија на смртта, што го означило почетокот на последната фаза од егзекуцијата.
Единственото нешто што требало да го направат медицинската сестра и техничарот е да вметнат игли во неговите вени, кои ќе се користат за пумпање на смртоносната смеса во крвотокот.
Наместо клинички чисто умирање, имало тричасовно мачење, бидејќи лекарите не можеле да ги најдат вените. Брум обилно крварел од многубројните мали рани и стенкал од болка секој пат кога медицинската сестра и техничар ги забивале иглите сè подлабоко и подлабоко, обидувајќи се да најдат соодветен крвен сад.
Во желбата да се стави крај на оваа агонија им помогнал и самиот Брум, па во еден момент си ја врзал раката за што побрзо да заврши постапката. Сепак, персоналот не се откажал, на коските на несреќниот осуденик во одредени моменти му залевале игли. Брум морал да издржи вкупно 18 убоди.
На крајот, бидејќи осуденикот веќе ја изгубил свеста, раководството на затворот во Луксвил наредило да се прекине егзекуцијата. Чуварот му донел кафе и цигари на Брум, а потоа го вратил во ќелијата. Гувернерот на државата Охајо потоа привремено ги суспендирал понатамошните егзекуции додека не се истражи целиот случај и не се откријат причините за ова невидено малтретирање на човек осуден на смрт, но не и на тортура.