Непреспиена ноќ е честа појава за работниците во трета смена, новопечените родители, луѓето кои сакаат да се забавуваат или едноставно луѓето кои преферираат да читаат и гледаат филмови ноќе.

Секој од нас имал ноќ во која спиењето не одело баш од рака, што поради несоница, што поради избор да се остане подолго буден заради конкретна причина.

Но утрото најдобро покажува колку била лоша идејата да се остане буден до доцна, бидејќи наутро најмногу ни недостасува енергија дури и за основни работи.

Најдобар начин да ја надокнадите енергијата е да отидете во кревет порано следната вечер, но дотогаш не се „будете“ со енергетски пијалоци што содржат многу шеќер или кафиња во неограничени количини.

Применете ги овие неколку природни и паметни начини за снабдување со енергија:
  • Физичка активност

Физичката активност е најдобар начин да го разбудите телото бидејќи преку физичката активност го зголемувате крвотокот и крвниот притисок поради што и умот автоматски ви се буди.

Доволно е да направите неколку едноставни вежби или да испашачите до најблиската продавница и веднаш ќе се чувствувате подобро!

  • Вода

Наместо кафе испијте две чаши вода наеднаш. Водата ќе го зголеми вашиот крвен притисок на природен начин и ќе ве разбуди.

Активирајќи ги органите за варење и метаболизмот ќе ја поттикне и работата на другите органи.

  • Туширање

Денот започнете го со туш и користете млака вода која ќе ги стимулира вашите нерви да пренесуваат информации до мозокот кој ќе се разбуди за истите да ги процесира.

Туширањето со ладна и топла вода наизменично ја поттикнува циркулацијата, а со тоа и работата на срцето и мозокот!