Типологијата на мажи е поголема од таа што ќе ја претставиме. Но според критериумот „односот на мажите кон жените“ се издвојуваат три доминанти категории.

Овие категории може да ги нема во чиста репрезентивна форма во реалноста, па може почесто да се среќаваме со хибридните форми.

Во секој случај типологијата на мажите според односот кон жените може да помогне во оценување на индивидуална или конкретна постапка на мажот кон жената.

Патер – татко

Овој тип е типичен за поконзервативните средини и општества каде што се задржале патрихархалните вредности.

Во патријархалните општества мажите се носители на високи уредувачки позиции и тие ги носат главните одлуки.

Поединците во кои е концентрирана најголема моќ се најстарите поединци во општеството, или лат. патер / мак. таткото.

Овој тип на маж има „татковски однос“ кон жените. Тој ги советува, им дава сугестии како да се однесуваат и секако има доминантна позиција во секоја комуникација.

Татковскиот тип го задржува таквиот однос дури и со својата сопруга, поради што таа покрај него може да се чувствува како дете, или како инфантилно суштество кое не е самодоволно да носи одлуки за себе, па сопругот има консултативна или одлучувачка улога во нејзиниот живот.

Пријател

Во егалитарните општества, каде што пријателството е примарна и најважна врска, мажите имаат пријателски однос кон жените.

Тие ги сметаат за рамноправни на себе и во деловниот и во приватниот свет.

Според мажот кој е тип на „пријател“ согласно односот кон жените, дури и неговата партнерка е пред се пријателка, а потоа и љубовница.

За овој тип на маж, пријателството е основната релација и база на сите други односи!

Маж со Едипов комплекс

Едиповиот комплекс се смета како психолошко пореметување согласно теоријата на Сигмуд Фројд.

Маж со Едипов комплекс има култ кон жената како мајка, пред која тој е инфериорен. Тој на жената гледа како единствено преку улогата на мајка и има ниско почитување кон жените кои не се мајки или кои според неговиот систем на вредности не се доминантни и грижливи мајки.

Еклатантен пример за маж со Едипов комплекс е оној што во жената бара целина од три улоги „Жена, мајка и кралица“!